ПОВЕЌЕ

    Google Ad Manager ќе престане да им наплатува на огласувачите

    Време зa читање: 2 минути

    Google одлучи во текот на наредните пет месеци да престане да им наплаќа надоместок на огласувачите за Ad Manager во целиот свет, a кои беа тешко погодени од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

    Многумина забележаа пад на приходите од рекламирање заради повлекување на средствата од страна на националните и локалните огласувачи, а блокирањето на клучните зборови поврзани со коронавирусот ја отежнува заработката од поврзаните содржини.

    „Со овој напор, нашата првична цел е да им помогнеме на новинските организации да намалат барем дел од трошоците за водење на нивните бизниси, а другата цел е да финансираме многу важен сектор во ова време – новинарството“, изјави Џејсон Вашинг, директор на глобалното партнерство за вести во Google.

    Повеќе од 500 издавачи ги исполнуваат условите за бесплатно пласирање на реклами, а Google ќе контактира со нив во наредните денови. Нивните надоместоци беа укинати во почетокот на април.

    Извор: Маркетинг365

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> топ 100 најголеми ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично