ПОВЕЌЕ

    Дали Гугл е монопол?

    Време зa читање: 2 минути

    Дали Гугл е преголема компанија? Во јули, Европската комисија го казни Гугл со рекордни 5 милијарди долари за кршење на правилата за монопол во ЕУ. Во него се вели дека Гугл ја злоупотребил својата доминација на пазарот на мобилни телефони со помош на Андроид. Не беше прв пат Гугл да се соочи со парична казна и можеби не е последен пат. 

    Низ историјата, све виделе многу познати монополи, како Стандард Оил на Рокфелер во 1890-тите, и Мајкрософт во 1990-тите. Постојат неколку вообичаени работи што се случуваат кога има монопол, како што се бариери за влез на пазарот, недостаток на конкуренција, предности кои ги има само големата компанија, контрола врз цените и, честопати, регулатива. Еве што се случи со Стандард Оил во деветнаесеттиот век. Околу 1880 година, компанијата контролираше приближно 90% од американското производство на нафта. Откупи помали компании и имаше скоро целосна контрола врз цените на потрошувачите. Ова ги загрижи регулаторите.

    Во 1911, Врховниот суд донесе одлука дека Стандард Оил треба да се распадне на повеќе мали компании. Дали е Гугл денешниот монопол како Стандард Оил? Европската комисија мисли дека е, барем во одредени делови од својата деловна активност. Еве како Гугл се најде во проблеми со својот оперативен систем Андроид. Андроид работи на повеќе од 80% од мобилните уреди денес. Регулаторите на ЕУ соопштија дека Гугл ги принудил овие производители на уреди да инсталираат “пред-инсталирање” на апликации на Гугл како „Гугл Пребарување“ и „Хром“, со што им се отежнува на конкурентските апликации да имаат свој удел на пазарот.

    ЕУ нареди на Гугл да ги раздели своите апликации, што Гугл се согласи тоа да го направи. Ова не беше единствениот пат кога ЕУ се сврте кон Гугл, поради кршење на законите за монопол. Во 2017 година, регулаторите ја казниле компанијата 2,7 милијарди долари за злоупотреба на нејзината доминација на пазарот за пребарување. Пребарувачот на Гугл има околу 90% од уделот на пазарот во Европа. Европската комисија соопшти дека компанијата ја злоупотребила својата доминација на пазарот за пребарување давајќи им на услугите за споредување трговски услуги, противзаконска предност во однос на ривалите. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично