ПОВЕЌЕ

    Голдман Сакс: Вакцината ќе биде одобрена до крајот на годината, и со тоа дополнително ќе ги подигне С&П500

    Време зa читање: 2 минути

    Аналитичарите од Голдман Сакс, предвидуваат дека вакцината за коронавирус ќе резултира во понатамошен раст на индексот С&П500. С&П500 треба да се искачи на 3.600 поени до крајот на годината, напиша главниот американски стратег на Голдман, Дејвид Костин, чија претходна целна вредност на овој индекс беше 3.000 поени.

    С&П500 во моментов има раст од 4,4 проценти од почетокот на годината. Но, вреди да се потсетиме дека на почетокот на пандемијата на коронавирус од крајот на февруари до крајот на март, имаше пад од 34%. Враќањето во позитивна територија во најголем дел е резултат на проактивни политики на Федерални резерви кои ги намалија каматните стапки близу до нулата и досега невидениот стимулативен пакет, како од монетарната така и од фискалната страна што ја поддржуваа економијата уште од пандемијата.

    Економистите на Голдман Сакс веруваат дека најмалку една вакцина против коронавирусот ќе биде одобрена до крајот на оваа година, што треба да резултира во скок од 6,4 проценти на американскиот БДП во 2021 година.

    Костин предвидува дека С&П500 ќе се искачи на 3.800 поени во следната година. Иако претседателските избори во САД се сериозен ризик за предвидувањата на Голдман (победата на Бајден би можела да доведе до повисоки стапки на данок на корпорација), вирусот претставува основа на моделот за прогнози.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично