ПОВЕЌЕ

    НБРСМ: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити и од 8,5% на вкупната кредитна поддршка

    Време зa читање: 3 минути

    Во јануари 2023 година, во согласност со сезонската динамика, паричната маса
    забележа пад од 1,7% на месечна основа, којшто се должи на надолните движења кај сите компоненти, со поголем придонес на депозитните пари, готовите пари во оптек и краткорочните депозити, соопшти Народна банка на РС Македонија. На годишна
    основа, паричната маса е зголемена за 4,5%, во најголем дел како резултат на растот
    на краткорочните депозити и депозитните пари.

    Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,5%, кој во поголем дел се должи на повисоките депозити на секторот домаќинства.

    Оттаму нагласуваат дека вкупните кредити во јануари бележат месечен пад од 0,8%, којшто во целост се должи на намаленото кредитирање на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 8,5%, како резултат на повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.

     

    Во јануари 2023 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се
    намалени за 4,1% на месечна основа. Надолната промена пред сè е резултат на
    падот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута. Споредено
    на годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор се зголемени за 2,6%, во
    поголем дел како резултат на растот на краткорочните депозити во странска валута
    и во денари, при дополнителен придонес и на депозитните пари, а во услови на пад
    на долгорочните депозити во странска валута и во денари, се вели во соопштението на НБРСМ.

    Исто така, Депозитите на домаќинствата, во јануари, се непроменети на месечна основа. Анализирано на годишна основа, овие депозити се зголемени за 5,9%, како резултат на растот на краткорочните депозити во странска валута, депозитните пари и
    долгорочните депозити во странска валута, при забележан пад на краткорочните и
    долгорочните депозити во денари.

    Во јануари, кај кредитите на домаќинствата е забележан минимален месечен
    раст од 0,1%, којшто во целост се должи на растот на кредитите одобрени во
    странска валута во услови на пад на денарските кредити. Во споредба со истиот
    месец претходната година, кредитите на домаќинствата се зголемени за 7,4%,
    поради растот на кредитите одобрени во денари и во странска валута, којшто е
    поизразен кај кредитите во странска валута.

    Целото соопштение на НБРСМ за монетарните движења е достапно на:

    https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2023/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2023_januari_mk.pdf.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично