ПОВЕЌЕ

    Глобалниот туризам брои драматични загуби

    Време зa читање: 2 минути

    Светската туристичка организација, објави податоци според кои загубите предизвикани од пандемијата на коронавирусот се три пати поголеми од загубите од светската економска криза во 2009 година.

    Поради пандемијата, меѓународниот туризам забележа загуба од 320 милијарди долари и пад од триста милиони туристи.

    Најновото издание на Светскиот барометар за туризам, објавено од Светската туристичка организација, објави дека ограничувањето на движењето, воведено како одговор на пандемијата, довело до пад од 98 проценти на бројот на туристи во мај во однос на истиот период лани.

    Исто така, регистриран е пад од триста милиони туристи и загуба од 320 милијарди долари, што е за три пати повеќе од загубата предизвикана од светската економска криза во 2009 година.

    Генералниот секретар на Светската туристичка организација, Зураб Пололикашвиш, рече дека новите податоци алармираат за важноста туризмот да стартува на најбезбеден можен начин што е можно поскоро.

    Драматичниот пад на меѓународниот туризам става во ризик милиони лица да изгубат средства за живот, вклучително и оние во земјите во развој. Владите во сите делови на светот имаат двојна одговорност – да го направат јавното здравство како приоритет, но и да ги заштитат работните места“ рече Пололикашвили.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично