ПОВЕЌЕ

    ГЛАВНИОТ СОРАБОТНИК НА ВОРЕН БАФЕТ ПРЕДУПРЕДУВА: „На светот му се заканува целосен колапс, доларот оди на нула“

    Време зa читање: 4 минути

    Чарли Мангер, кој е еден од најбогатите луѓе во Америка, смета дека продолжувањето на политиката на печатење пари ќе доведе до тотален економски колапс и ќе отвори можност за појава на нови диктатори и нови војни. Мангер, главниот соработник на американскиот мултимилијардер Ворен Бафет, се уште е еден од најпочитуваните економски советници во САД иако наполни 98 години. Со оглед на тоа дека се повеќе се пишува и зборува за големата економска криза која наскоро ќе го зафати целиот свет, а која влече корени од војната во Украина, Мангер даде своја оценка, која воопшто не е светла.

    Менгер тврди дека една од најопасните работи што сега можат да ја направат земјите, особено САД, е неконтролираното печатење пари, со цел да се спречи кризата и да се смири населението. Но, според него, тоа е краткорочно решение на проблемот, што е увертира за многу подлабока и покатастрофална криза.

    ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ ТИЕ ШТО НЕ ТУРКААТ ВО ИНФЛАЦИЈА

    Според него, инфлацијата ја форсираат политичарите кои сакаат да останат на власт, бидејќи на тој начин можат да продолжат да му ветуваат на населението сигурна заработка и економски просперитет. Сепак, како што вели, ваквиот начин на размислување е „порта кон диктаторите“.

    Како што објасни, државните трошења ја користат лесната монетарна политика бидејќи доведува до лесно задолжување без многу зголемено оданочување. Менгер предупредува дека фундаменталниот проблем на овој вид на монетарна политика е тоа што владата ја губи својата фискална ограничување.

    Не само што имаме сериозен проблем, туку имаме и решение за него: најлесната работа за политичарите и Федералните Резерви е само да испечатат повеќе пари и на тој начин привремено да ги решат проблемите. Ова, се разбира, создава долгорочни опасности. Знаеме што се случи во Германија кога Вајмарската Република го направи истото – целата работа се разнесе. Овие работи се опасни и сериозни. Не сакате да имате еден куп политичари што прават се што е лесно, а теоретски не ни наштети минатиот пат, па мислат дека можеме да го удвоиме печатењето на пари и уште еднаш да се извлечеме од неволја. Знаеме што се случува со постојаното удвојување, удвојување, удвојување… Тоа ќе доведе до тотален колапс, а потоа ќе имате многу поинаква влада ако продолжите да го правите тоа“, објасни Мангер.

    “ТАКА И ХИТЛЕР ДОЈДЕ НА ВЛАСТ“

    Тој предупреди дека неконтролираното печатење пари може да се претвори во многу блиска катастрофа за американската држава, која, според него, е двигател на економскиот раст во последните 100 години, а последиците, според него, би можеле да бидат глобални.  „Она што го донесе Хитлер на власт беше комбинација од инфлација во Вајмарската република, каде целосно ги уништија заштедите на средната класа во Германија, по што следеше Големата депресија. Тоа беше првиот удар. После тоа Хитлер дојде на власт. Лудиот демагог освои 40 отсто од гласовите на изборите! Набргу потоа имавме диктатор кој беше подготвен за светска војна. Значи историјата не е пријатна. Не треба да заборавиме дека Германија беше многу напредна и цивилизирана нација; Германија што ја презеде Хитлер. Значи, ако дозволите вашата нација премногу да пропадне, она што ќе го добиете е – Хитлер“, рече Мангер.

    ДОЛАРОТ ЌЕ СТАНЕ БЕЗВРЕДЕН

    Тој вели дека огромни политички ризици се јавуваат кога владата ќе ја уништи куповната моќ на валутата, моќта на заработка и вредноста на заштедите. Секоја западна земја може да биде во опасност да дојде на власт моќен човек кој ветува дека ќе ги реши сите економски проблеми и кога ќе се обиде ќе биде награден со лојалноста на гласачите. Мангер вели дека во прашање не е само крах на берзата, туку најавува целосен економски колапс и ризик од политичка нестабилност, пишува Мондо.

    Тој предвидува дека американскиот долар најверојатно ќе падне на нула во текот на следниот век. „Ова не е толку лудо како што звучи. Американскиот долар изгуби над 96 отсто од својата вредност од основањето на Федералните Резерви. Исто така, изгуби 86 отсто од својата вредност од 1971 година кога САД го напуштија златниот стандард. Ова треба да биде знак за долгорочната опасност од инфлација за штедните сметки кои не се инвестираат во фондови“, објасни Мангер, според Мондо.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично