ПОВЕЌЕ

    Германски експерти предвидоа пад на економијата од 5,1 процент

    Време зa читање: 2 минути

    Комисијата на независни економски советници на германската влада предвидува дека најголемата економија во Европа годинава ќе падне за 5,1 процент, што е пооптимистичка прогноза од оној што неодамна го предложија министрите.

    Извештајот објавен од петчлениот германски совет на економски експерти предвидува дека бруто домашниот производ ќе се зголеми за 3,7 проценти во 2021 година.

    Кон крајот на октомври, министерот за економија Питер Алтмаер предвиде пад од 5,5 проценти оваа година, проследен со пораст од 4,4 проценти следната година.

    Експертите велат дека нивната прогноза го зема предвид обновувањето на инфекциите во последните два месеци и новите мерки преземени за спречување на вирусот.

    Четиринеделно „затворање“ е на сила во Германија веќе нешто повеќе од една недела: угостителски и спортски објекти, места за забава не работат, контактите меѓу луѓето се ограничени, но трговијата работи, како и училиштата.

    „Економската состојба е кревка поради наглиот пораст на инфекциите“, рече претседателот на комисијата Ларс Фелд.

    Тој рече дека клучот за понатамошен развој на германската економија е како ќе се спречи епидемијата и како ќе се развиваат економиите на другите земји.

    Многу други земји во Европа воведоа драстични ограничувања за спречување на растечката епидемија, што е поголема отколку во Германија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично