ПОВЕЌЕ

    2,3 милиона работници во Германија ќе имаат поголема плата!

    Време зa читање: < 1 минутa

    Владата во Германија постигна договор со синдикатите во јавниот сектор за платите, што вклучува речиси 2,3 милиона работници во локалната и федералната администрација.

    Договорот, кој предвидува еднократен бонус до 600 евра за работниците и дополнителни средства за медицинските сестри и вработените во домовите за стари лица, истекува на крајот на 2022 година.

    Според претставници на синдикатот, вработените во здравствениот сектор најмногу заслужуваат зголемување на платите поради нивната клучна улога во борбата против пандемијата на ковид-19.

    Европската централна банка (ЕЦБ) внимателно ги следи разговорите за зголемување на платите во Германија за тие потенцијално да не ја загрозат планираната инфлација.

    Договорено е најниските плати да се зголемат 4,5 проценти, а највисоките 3,2, изјави синдикатот „Верди“.

    Економијата во земјата која беше во длабока рецесија, сега се враќа во нормала.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично