ПОВЕЌЕ

    Германската берза предлага проширување на индексот DAX на 40 компании

    Време зa читање: < 1 минутa

    Бројот на компании во индексот DAX треба да се зголеми од 30 на 40, објави во понеделникот операторот Дојче Бурс, предлагајќи истовремено построги услови за котација.

    Индексот DAX 30 е составен од најликвидните и компаниите со најголема пазарна капитализација.

    „Не е тајна што мене лично би ми било драго ако DAX 30 се прошири и стане DAX 40“, рече извршниот директор Теодор Вајмер.

    Во исто време, Дојче Бурс би го намалил бројот на средни компании во индексот MDAXI, од 60 на 50.

    По скандалот со Wirecard, операторот исто така сака да ги заостри прописите за корпоративно управување, предлагајќи забрана за котација на компании кои не објавуваат квартални резултати на време.

    Како дополнителен услов, тие сугерираат докажана профитабилност.

    Компаниите што генерираат над 10 проценти од своите приходи од продажба на контроверзно оружје, исто така, треба да бидат исклучени од индексите DAX, MDAX, TecDAX и SDAX, објави Дојче Бурс.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично