ПОВЕЌЕ

    Германија позајми уште 60 милијарди евра

    Време зa читање: 2 минути

    Германскиот парламент во петокот одобри ревизија на буџетот, која ќе се финансира со дополнително задолжување од 60 милијарди евра, за да се зголеми помошта на претпријатијата и здравството за време на пандемијата, што ќе го зголеми долгот на рекордно ниво.

    Владата на канцеларката Ангела Меркел, составена од членови на нејзината конзервативна Христијанско-демократска унија и коалициски партнери од Социјал-демократската партија, имаше двотретинско мнозинство во парламентот, што е потребно за привремено суспендирање на задолжувањето.

    Со ребалансот на буџетот, нето задолжувањето на земјата оваа година ќе изнесува нешто повеќе од 240 милијарди евра.

    Во обраќањето до парламентот, министерот за финансии Олаф Шолц, го бранеше владиниот предлог, повторувајќи го ветувањето за ублажување на економските последици за време на третиот бран на вирусот со дарежлива фискална поддршка.

    „Ќе продолжиме вака до крај, затоа што по пандемијата, сакаме целосно закрепнување“, изјави тој.

    Приближно 25,5 милијарди евра од новиот долг ќе бидат наменети за продолжување на финансиските линии за ликвидноста на компаниите погодени од заклучувањето, а скоро 15 милијарди евра ќе им бидат дадени на болниците за вакцинирање, објави Танјуг.

    Според британската агенциј, вкупниот буџет за оваа година ќе се зголеми на околу 548 милијарди евра, а повеќе од 40 проценти ќе бидат финансирани со задолжување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично