ПОВЕЌЕ

    Германија ќе се поврзе со планираниот остров за обновлива енергија во Балтикот

    Време зa читање: 2 минути

    Германија обезбеди енергетска врска со планираниот центар за ветер во данскиот дел на Балтичкото Море, што ќе помогне да се намали енергетската зависност од Русија, соопшти во понеделникот данското Министерство за енергетика. Планираниот енергетски центар, односно хаб, на островот Борнхолм до 2030 година ќе поврзе неколку крајбрежни ветерни паркови во Балтичкото Море со вкупен производствен капацитет од најмалку 3 гигавати, доволно за напојување на 4,5 милиони германски домаќинства, се вели во соопштението на Министерството.

    Хабот ќе биде поврзан со Германија преку кабел за напојување долг 470 километри.

    Инвестициите и идната добивка ќе бидат подеднакво поделени меѓу Германија и Данска, се вели во соопштението без да се наведат финансиски детали. „Данско-германската соработка е водечки проект“, рече во изјавата германскиот министер за економија и клима, Роберт Хабек. „Зелената електрична енергија од островот Борнхолм ќе го надополни националното производство на електрична енергија и ќе ја намали нашата зависност од увоз на фосилна енергија“, рече тој.

    Минатата година, двете земји почнаа да работат со помал прекуграничен кабел кој исто така поврзува неколку ветерни електрани во Балтичкото Море.

    Енергетскиот остров Борнхолм е дел од поширокиот план на Данска за петкратно зголемување на домашното производство на ветерна енергија на офшор до 2030 година. Данска ќе го зголеми планираниот офшор капацитет на ветер на енергетскиот остров Борнхолм од 2 GW на 3 GW и ќе овозможи пренос на електрична енергија во германската мрежа, со два политички договори сега за да се оствари тоа.

    Данската влада почна да ја истражува можноста да го зголеми капацитетот на морскиот ветер на својот енергетски остров Борнхолм минатата година. Кабелот што ќе ги поврзува Данска и Германија ќе има должина од приближно 470 километри и ќе вклучува нова трафостаница на Борнхолм што ќе ги поврзува двете половини од интерконекторот.

    Раните планови на северноевропските земји да создадат заедничка електроенергетска мрежа под Северното Море за да ги поврзат идните офшор фарми со ветерници се соочија со финансиски и регулаторни предизвици.

    Данска утре ќе биде домаќин на енергетскиот самит на островот во Балтичкото Море.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично