ПОВЕЌЕ

    На Германија и фалат 50.000 старатели

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во Германија во моментов недостасуваат 50.000 старатели, што е голем проблем за германскиот министер за здравство Јенс Спан.

    Недостаток на стручен кадар во германската здравствена заштита беше голем проблем уште пред пандемијата на коронавирус. Според германскиот министер за здравство Јенс Спан, во секторот за нега недостасуваат 50.000 даватели на здравствени услуги, бројка што ќе се зголеми на 300.000 до 2030 година, проценува германскиот совет за нега.

    Од 2013 година, во тек е програмата на Централното посредување за странски и квалификуван труд во рамките на Федералната агенција за труд. 

    Во средината на 2019 година, министерот Спан отпатува за Косово, а потоа и во Мексико за да склучи договори за вработување. Непосредно пред тоа, тој ја основа германската агенција за квалификувана работна сила во секторите здравство и нега, која првенствено треба да се грижи за олеснување на влезот и излезот на трудот од земјата.

    Една од најголемите пречки за многу странски старатели е германскиот јазик.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично