ПОВЕЌЕ

    Окрупнување на финансискиот пазар: Генерали инвестмент ја купува Илирика Фонд Менаџмент

    Време зa читање: 3 минути

    Generali Investments Slovenia е во процес на превземање на Илирика Фунд Менаџмент А.Д. Скопје преку спојување со Генерали Инвестментс АД Скопје, фирма-ќерка на најстарата компанија за управување со средства во Словенија, Generali Investments. Трансакција се случува по одобрувањето од регулаторното тело на пазарот односно од Комисијата за хартии од вредност (КХВ). Со преземањето Генерали Инвестментс дополнително ја зацврстува пазарната позиција  како втора најголема компанија за управување со средства во Северна Македонија.

     По завршување на превземањето на Илирика, Генерали Инвестментс АД Скопје ќе го зголеми пазарното учество на 26 проценти на македонскиот пазар.

    Основанa во 2008 година, Генерали Инвестментс АД Скопје управува со 4 инвестициски фондови, 31,3 милиони евра со приближно 2.000 клиенти. По превземањето на Илирика, компанијата ќе превземе 3 инвестициски фонда и индивидуално управувано портфолио со околу 1.900 клиенти и со тоа ќе ги зголеми средствата на управување на 46 милиони евра и 3.900 клиенти.

    Генерали Инвестментс АД Скопје останува цврсто закотвена на пазарот на капитал во земјава и со оваа аквизиција ја зацврсти својата позиција како едно од најдобрите друштва за управување во регионот. Под групациските закрила на Генерали Инвестментс, се отвараат вратите за уште појак локален и интернационален развој и проширување на производите и услугите за клиентите рече Luka Podlogar, Претседател на одборот на директори на Генерали Инвестментс АД Скопје.

    „Ние ги интегрирваме нашето одлично познавање на пазарот на капитал со знаењето за локалниот и глобалниот пазар.  За сите наши клиенти наша цел е да понудиме иновативни и одлично управувани продукти кои се темелат на знаењето, ресурсите и силата на нашата Generali група рече Лазе Камчев, Главен извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје.

    Generali е една од најголемите глобални осигурителни компании и давател на услуги за управување со средства. Основана во 1831, таа е присутна во 50 земји во светот со вкупна осигурителна премија од преку 69.7 милијарди евра во 2019. Со скоро 72.000 вработени обезбедува услуги за 61 милион клиенти. Групацијата е лидер во Европа, но и континуирано го зголемува учеството во Азија и Латинска Америка. Амбицијата на Generali е да се биде “животен- партнер” на своите клиенти нудејќи им иновативни и персонализирани решенија благодарениe на својата дистрибутивна мрежа. Generali Investments управува со 630 милијарди евра глобално и 23 милијарди евра во земјите на централна и источна Европа поради што е една од најголемите компании за управување со средства во овој регион.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично