ПОВЕЌЕ

    Андреја Стражишар именувана за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

    Време зa читање: < 1 минутa

    Народната Банка на Република Македонија издаде Решение со кое се издава претходна согласност Г-ѓа Андреја Стражишар да биде именувана за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат од 4 (четири) години почнувајќи од 30.08.2021, информираат од банката преку Македонска берза.

    Воедно, Ве известуваме дека од страна на Народната Банка на Република Македонија се издадени и Решенија со кои се издава претходна согласност на Г-дин Блаж Бродњак, Г-дин Борут Вујчич и Г-ѓа Кристина Ковачич Бјелајац да бидат повторно именувани за членови на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје со нов мандат од 4 (четири) години, велат од банката.

    Надзорниот одбор на НЛБ Банката во моментов го сочинуваат:

    • Блаж Бродњак – Претседател на Надзорен одбор
    • Марјета Звер Цанкар – Заменик претседател на Надзорен одбор
    • Борут Вујчич – Член на Надзорен одбор
    • Кристина Ковачич Бјелајац – член на Надзорен одбор
    • Зоран Јовановски – Независен член на Надзорен одбор
    • Матеја Тревен – Независен член на Надзорен одбор
    • Андреја Стражишар – Член на Надзорен одбор
    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично