ПОВЕЌЕ

    „Фруктал Мак“ – Работата тече, добивката понира

    Време зa читање: 2 минути

    Финансискиот резултат е позитивен наспроти намалените приходи и добивка. „Фруктал Мак“ и во првите три месеци од годинава функционира во ланското темпо, работењето е во плус, а профитот „протекува“.

    Во овој период фабриката за сокови оствари чиста добивка од 1.078 илјади денари, односно близу 17,5 илјади евра. За споредба, во првото минатогодишно тримесечие се зборувало за 3.928 илјади денари или околу 63,7 илјади евра. Сегашната добивка е за 3,6 пати пониска од ланската.

    Во тие рамки, забележани се оперативни приходи од 99.524 илјади денари (1,6 милиони евра), кои заостануваат зад оние во истиот перод минатата година кога изнесувале 119.101 илјада денари (над 1,9 милиони евра). Во структурата преовладуваат приливите што доаѓаат од продажбата на сопствените производи, кои се пласираат на домашниот и на странски пазари. Тие придонеле со 100.130 илјади денари (1,62 милиони евра), а падот е присутен и во овој сегмент.

    Добрата вест е што намалување има и кај оперативните расходи, кои за три месеци достигнале 99.073 илјади денари (1,6 милиони евра), додека лани во тој квартал биле запишани 106.331 илјада денари (1,72 милиони евра).

    Минатата 2023 „Фруктал Мак“ ја заврши со значително пониска добивка, односно за 2,5 помала од остварената во 2022 година. Од нивото од над 820 илјади, профитот истекол на 327,7 илјади евра.

    Овошните сокови, нектари и пијалаци на „Фруктал Мак“ се извезуваат во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и на Косово.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично