ПОВЕЌЕ

    Што е тоа фискална политика?

    Време зa читање: 2 минути

    Кога се случи рецесијата во 2009 година, федералната влада се обиде да ја стимулира американската економија. Тоа ги намали даноците и ја зголеми потрошувачката. Со други зборови, таа спроведе експанзивна фискална политика. Фискална политика односно политика на владата за даноци, трошење и позајмување, е наменета за ублажување на флуктуациите во деловниот циклус. Но, како тоа навистина функионира?

    Замислете економија која работи со полно работно време. Работниците имаат работни места, а фабриките работат со полна пареа. Ако во тој случај владата се обиде да ги зголеми трошоците за изградба на нов пат на пример, тогаш таа мора да одземе луѓе и капитал од други сектори на економијата. БДП нема да се зголеми, бидејќи веќе има целосна вработеност. Значи, трошењето на владата едноставно би ги опфатило приватните трошоци и инвестициите. Ќе се испостави дека градење на новиот пат не било толку добра идеја. Зголемените трошења на владата, на краток рок, нема да ја стимулираат економијата.

    Но што се случува за време на рецесија? Основните фактори на производство се недоволно искористени. Голем број на луѓе се невработени. Машините не работат со полна пареа. Во овој случај, трошењето на владата ќе го зголеми БДП. Да речеме, на пример, владата одлучи да ангажира невработени градежни работници. Овие градежни работници потоа ги користат своите нови приходи за, да јадат во ресторани. Ова предизвикува сопствениците на ресторани да ангажираат повеќе работници, а тие нововработени келнери потоа ги трошат своите пари во целата економија. Последователните зголемувања на трошоците предизвикани од првичното зголемување на трошењето на владата е познато како „фискален мултипликатор“.

    Но денес, експанзивната фискална политика не е единствениот вид фискална политика. Владата спроведува и контроверзна фискална политика со штедење за време на економскиот бум (во период кога има економски раст), со зголемување на даноците или со намалување на трошоците. Така треба да работи и секоја фискалната политика во секоја модерна држава. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично