ПОВЕЌЕ

    Дали е лесно да се основа ФинТек компанија?

    Време зa читање: 2 минути

    Само луѓето кои работеле во финансиски сектори можат од прва рака вистински да ги осетат големите предностите кои ги нудат ФинТек банките. Бидејки тие ги разбираат предизвиците и огромниот потрошен потенцијал кои постои во давателите на тие услуги.

    Како и да е, праксата покажува дека голем број на ФинТек компаниите не успеваат да ја преживеат ни првата година од нејзиното основање. Тие што успеваат, се најчесто основани од страна на претприемачи кои имаат претходно искуство во финансискиот сектор.

    Имено, инвестирачките банки се одлично место за развој и тренинг за секој да се стекне со суштинско знаење за тоа како работат големите финансиски институции, но и кои се лекциите кои ги научиле во светот на инвестирање, банки, циклусите во економијата и слично. Типична грешка која ја прават многу неискусни основачи на ФинТек компании, е дека едноставно мислат дека ќе биде лесно. Мислат дека, само поради фактот што работат во возбудлива и нова индустрија, шансите ќе бидат на нивна страна и дека имаат голема компетитивна предност. Во реалност, не е така.

    Рационално е да се каже дека, истото се однесува и за основање на било каква компанија. Искуството е од императивно значење. Стекнете го во индустријата во која саката вашата кариера да се развива. Доколку е изводливо, работете про-боно неколку месеци, за да можете да се стекнете со драгоцено знаење кое ќе ви користи цел живот. Само тогаш, ќе бидете подготвени да основата ваша компанија, во која шансите да успеете ќе бидат на ваша страна.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично