ПОВЕЌЕ

    Финтек фирмата Плејд ќе добие 425 милиони долари во инвестиции

    Време зa читање: 2 минути

    Фирмата за финансиска технологија Плејд, во средата, објави круг за финансирање од 425 милиони американски долари, што е двојно повеќе од вкупниот износ што компанијата го собра од основањето во 2012 година.

    Новото финансирање ја зголемува проценката на Плејд на 13,4 милијарди долари, тврди извор близок на компанијата. Тоа е огромен скок од 5,3 милијарди долари, сметјки дека Visa се согласи да го купи Plaid пред нешто повеќе од една година. Таа аквизиција не се оствари откако се соочи со правен предизвик од Министерството за правда.

    Плејд има создадено дигиталната инфраструктура што ги поврзува финансиските податоци од банкарските сметки на луѓето со апликациите што ги користат за управување со своите пари, како што се Venmo, Coinbase и Expensify.

    Договорот што не се оствари со Visa можеби беше маскиран благослов за Плејд. Ковид-19 предизвика масовно зголемување на побарувачката за дигитални финансиски услуги, што веројатно ја направи технологијата на Плејд повредна.

    За време на пандемијата, потрошувачите користеа дигитални алатки за сè, од управување со нивните банкарски сметки до купување акции, а сето тоа го зголеми користењето на услугите изградени на технологијата на Плејд. Извршниот директор на Плејд, Зак Перет, за Си-Ен-Ен Бизнис изјави во септември дека финтек фирмите со кои соработуваат забележале скок од 44% кај нови корисници од март до мај минатата година, во споредба со истиот период во 2019 година. 

    Технологијата на Плејд поврзува информации од 11.000 банки и финансиски институции со повеќе од 4.500 клиенти на финтек, вклучително и PayPal, Робинхуд, Гугл и Мајкрософт.

    Новите средства ќе му овозможат на Плејд да инвестира во проширување на своите услуги, со цел да создаде „единствена, интегрирана платформа фокусирана на помагање на развивачите да ги градат сите аспекти на нивните дигитални финансиски производи“, рече Перет во објавата. Тоа ќе значи проширување на глобално ниво и развој на нови производи за клиенти на финтек и алатки и услуги „за поддршка на подобрената приватност, персонализација, одлучување и автоматизација“.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично