3 навики на тие што се финансиски независни

Датум на објава: 25.06.2020

Време зa читање: 2 минути

Ќе можете ли да преживеете ако платата престане да ви пристигнува секој месец? Ако не можете, тогаш вие финансиски сте зависни од вашата работа. И секако, мнозинството на луѓе спаѓаат во оваа група. 

За да се ослободите од таа зависност и да излезете од оваа голема група, треба да заработувате повеќе од тоа што трошите и да го инвестирате или заштедете остатокот. Но редовно да се прави тоа, е многу пати полесно да се каже за повеќе луѓе, отколку во пракса да се направи. 

Како и да е, истражувањата покажуваат на тоа дека постојат 3 навики што многу луѓе кои се финансиски независни ги следат:

  1. Минимизирајте ги трошоците во неколку клучни области. Финансиски независните луѓе трошат помалку на домаќинство (трошоци за храна, сметки, како и кирија за тие кои немаат сопственост на својот дом). Околу 17% од нивниот буџет оди на домаќинство во споредба со останатите, кои трошат скоро една четвртина од нивниот буџет. Овој трошок е често најголемата ставка за буџетот. Друг начин да се задржат трошоците под контрола е да се избегне инфлација во животниот стил. Како што старееме, така и нашите приходи се зголемуваат, и имаме тенденција да живееме на повисоко “ниво.” Но, замислете, ако на 30-годишна возраст, најдете начин да живеете со истата пониска плата што ја заработувавте во раните 20-ти години. Можете да ги зачувате дополнителните приходи.

  2. Зголемувајте го своето богатство преку инвестиции. Покрај трошење помалку, финансиски независните инвестираат повеќе. Тие дополнителни пари што ги заштедуваат на домување тие ги инвестираат. Тие исто така имаат тенденција да започнат да инвестираат многу порано. Да се ​​има разновидно портфолио со различни видови на средства како акции и обврзници ќе ви даде зголемена безбедносна заштита.

  3. Никогаш не престанувајте да учите. Учењето за финансиските пазари од веродостојни извори може да ви помогне да донесете повеќе информирани и посигурни одлуки за тоа како да ги искористите своите пари. Без оглед каква е вашата финансиска состојба, навиките да трошите помалку и да инвестирате повеќе може да ви помогне да ги постигнете вашите финансиски цели. 

Погледнете какви профити книжат финансиските друштва за брзи кредити во земјава.

Прочитајте и ...  Комерцијална банка овозможува бесплатно користење на апликацијата KomPay до 31.12.2020 година

Тагови: богати, богатство, лични финансии, навики, финансиски независни,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: