ПОВЕЌЕ

    Асоцијацијата на финансиски друштва на Македонија на работен состанок со Министерството за Финансии

    Време зa читање: 2 минути

    На 18 јуни 2020 година, се одржа состанок преку конференциска врска помеѓу преставниците на АФД Асоцијацијата на финансиски друштва и претставници на Министерство за финансии на Република Северна Македонија. На средбата се направи осврт на состојбата во која се наоѓаат небанкарските финансиски друштва во услови на здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19, предизвиците и  ризиците за небанкарскиот финансиски сектор кои доаѓаат како резултат на здравствената криза и регулаторните измени во текот на пандемијата и потоа, како и можностите и начини на поддршка на финансиските друштва.

    Преставниците на АФД ги потенцираа предизвиците за небанкарскиот финансиски сектор, посочувајќи дека е неопходна поддршка од државата за опстојување на индустријата, посебно во смисла на одржување на алтернативните канали на финансирање за граѓаните и малите бизниси во Северна Македонија кои во пост-кризниот период ќе играат значајна улога во надминување на економските ефекти од истата.

    На крајот на средбата беше изразена спремност од двете страни за продолжување на меѓусебната комуникација и соработката, со цел изнаоѓање на заеднички прифатливо решение за континуитет на финтек индустријата под овие здравствено-економски услови.

    Небанкарскиот финансиски сектор е подготвен да се солидаризира со состојбата во која се наоѓаат граѓаните и општеството во целина и е подготвен да понуди олеснувања за засегнатите граѓани и компании во пост-кризниот период.

    Погледнете какви профити книжат финансиските друштва за брзи кредити во земјава.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично