ПОВЕЌЕ

    Компаниите кои ја злоупотребиле финансиската помош за исплата на плати им се блокирани сметките

    Време зa читање: < 1 минутa

    Блокирани им се сметките на сите компании кои ја злоупотребиле финансиската помош за исплата на плати од третиот пакет мерки. На дел од нив им биле повлечени и средствата кои ги добиле, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање, на денешната прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими.

    „Сите компании што ја злоупотребуваат помошта и натаму ќе бидат објавувани, со цел јавноста да ги знае, но и да се поттикнат другите фирми да не прават вакви злоупотреби“, рече Лукаревска.

    Таа посочи дека постапката против овие фирми е во тек и дека Јавното обвинителство побарало дополнителни докази во спроведувањето на истрагата.

    Владата ги објави фирмите што зеле пари од државата, а не им дале плати на работниците.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично