Две нови државни обврзници се во понудата на официјалниот пазар, на подсегментот берзанска котација. Нивната вкупна вредност е 1,94 милијарди денари, односно 31,53 милиони евра. На потенцијалните инвеститори ќе им донесат камата со стапки од 4,45 и 5,20 насто, зависно од годината на доспевање.
Според информацијата објавена на Македонска берза, обврзниците се без девизна клаузула. Од Министерството за финансии се издадени на 21 мај.
Емисијата на петгодишната државна обврзница е во вредност од 204.230.000 денари, или 3,32 милиони евра. Издадени се 20.423 вакви хартии од вредност. За нив е предвидена пониската стапка (4,45 %), а за наплата ќе пристигнат на 21 мај 2031 година. Шифрата на тргување е M210531.
Камата од 5,20 насто носи петнаесетгодишната државна обврзница. Долгот на државата што ќе произлезе од неа – 1.734.900.000 денари, односно 38,21 милион евра, треба да се намири на 21 мај 2041 глодина. Оваа емисија содржи 173.490 обврзници, а шифрата на тргување е M210541.
Аналитика








