ПОВЕЌЕ

    Finance Think: Економијата се соочува со понатамошна неизвесност во првиот квартал од 2021 година

    Време зa читање: 2 минути

    Во четвртиот квартал од 2020, БДП се намали за -0.7%, што е во линија со иницијалната проекција од Finance Think од -0.8%. Во овој квартал, продолжи растот на јавната потрошувачка (6.6%) како резултат на државната помош за намалување на социо-економските последици од корона-кризата, но со помал интензитет од претходно. Извозот забележа стабилизација (раст од 1.3%), додека домаќинствата и натаму се воздржуваа од позначајна лична потрошувачка (пад од -4.3%). Инвестициската активност остана значајно потисната (пад од -13%). На производната страна, повеќе од секторите забележуваат консолидација во К4-2020, особено преработувачката индустрија, трговијата и транспортот, кои беа меѓу најпогодените од кризата. Вкупно, во 2020, БДП се намали за -4.5%, што е нешто подобро остварување од нашата проекција од -4.8%.

    Невработеноста во четвртиот квартал од 2020 понатамошно благо се намали, на 16.1% од претходните 16.5%, додека, за разлика од претходните квартали, вработеноста забележа благо зголемување, од 46.6% на 46.8%. Оттука, пасивизацијата на активното население која се интензивираше во претходните два квартала е сопрена, но нема позначајни знаци на реактивирање. Во четвртиот квартал, преработувачката индустрија, трговијата и транспортот креирале работни места, што е во линија со нивната консолидација, додека критичен сектор погоден од кризата останува хотелиерството и услугите со храна – сектор кој во К4-2020 изгубил близу 4,700 работни места, што е најголема секторска загуба на квартална основа.

    Економијата се соочува со понатамошна неизвесност во првиот квартал од 2021 година, со значаен ризик таа да продолжи и да се продлабочи под влијание на варијабилните информации сврзани со интензивирањето на вакцинирањето. Под претпоставка дека економските текови ќе може да се нормализираат до разумен степен до почетокот на есента 2021, проекцијата за растот на БДП во 2021 изнесува 4.1%.

    Линк до објавата е овде.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично