ПОВЕЌЕ

    „Фич“: Оваа рецесија ќе биде двапати посилна и од онаа за време на кризата во 2009 година

    Време зa читање: < 1 минутa

    Светскиот бруто домашен производ (БДП) се прогнозира да опадне за 3.9 проценти во 2020 година, пад кој е досега незабележан во повоениот период, соопшти денеска рејтинг агенцијата „Фич”.

    Според експерти од оваа агенција, причината за таквиот пад се воведените ограничувања поради пандемијата на коронавирус, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

    Како резултат на тоа, светот го очекува економска рецесија досега незабележана во текот на цела повоена историја. Оваа рецесија, меѓу другото, ќе биде двапати посилна и од онаа за време на кризата во 2009 година.

    -Тоа е двојно повеќе отколку што се наведуваше во нашата последна прогноза објавена на почетокот на април и таа ќе биде двојно посилна отколку рецесијата во 2009 година, се вели во извештајојт на „Фич”.

    Се прогнозира дека БДП во еврозоната во 2020 година ќе се намали за 7 проценти, додека БДП на САД ќе оди во минус 5.9 проценти.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично