ПОВЕЌЕ

    Феномен што се рашири низ целиот континент: Дали и вие имате повеќе пари на вашата сметка поради пандемијата?

    Време зa читање: 2 минути

    Иако целиот свет беше погоден, најпрво од здравствената, а потоа и од економската криза, луѓето сега имаат повеќе пари отколку порано. Причината за тоа е зголемената заштеда во текот на 2020 година, што се чувствува на ниво на цела Европа.

    Обемот на заштеди во еврозоната се зголеми за цели 48% во споредба со претходната година, што изнесуваше 395 милијарди евра. Европејците дефинитивно трошат помалку, како што е случајот и во САД.

    Податоците поврзани со Стариот континент беа обезбедени од фирмата „Депозитни решенија“ од Хамбург. Во 2020 година, тековните и штедните сметки во еврозоната добија салдо од 585 милијарди евра.

    Од споменатата сума, која се однесува на обемот на заштеди во 2019 година, дури 150 милијарди евра им припаѓаат на германските штедачи, се наведува понатаму во истражувањето. Германците имаат трајно ниски каматни стапки на банкарските депозити.

    Во таа земја, заштедите се зголемија за 37 проценти во споредба со 2019 година, повеќе отколку во Италија (32%), но сепак помалку отколку во Франција (72 проценти) или Шпанија (38 проценти).

    Бидејќи веќе не е дел од Унијата, Велика Британија е анализирана одделно. Таму, заштедите се зголемија за дури 170 проценти. Од вториот квартал минатата година, протокот на пари на штедни сметки е поголем од вообичаеното, според германската компанија.

    Во исто време, на крајот на 2020 година имало околу 8,3 милијарди евра на штедни сметки во еврозоната. Останува да се види дали Европејците ќе трошат повеќе кога ќе се отворат економиите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично