ПОВЕЌЕ

    Ова е најбитниот фактор кога станува збор за вашите финансии

    Време зa читање: 2 минути

    Според некои проценки, донесувате 35,000 различни одлуки за еден ден. Вие правите избор за тоа што да јадете, што да носите, како да го поминувате времето и, се разбира, како да ги трошите парите.

    Нешто што е заедничко за сите овие процеси е дека се повторува конфликт помеѓу правилната одлука и најзадоволителната одлука. Свежи пијалаци од свежо овошје или вафли со ерокрем? Да се разбудите рано или да спиете до покасно?

    Овие навики го управуваат нашиот живот, многу пати без да бидеме свесни за тоа. Но, кога последицата е помалку јасна и помалку непосредна, треба да избереме помеѓу непосредно задоволување и нејасна, долгорочна придобивка.

    Тој конфликт е присутен и со вашите финансии. Едноставно не можете да очекувате да се збогатите без да ја користите свесно вашата волја која ја одлага непосредната гратификација. Овие секојдневни решенија се клучни за тоа како ќе планирате и каде ќе бидете за 20 години.

    Според едно истражување на Debt.com, само 25% од испитаниците се согласија дека „секој треба да штеди и планира“. Но реалноста е дека тоа е многу пати мачно и мал број на луѓе можат да останат дисциплинирани на долг рок. Секој мора да си најде свој ситем кој ќе работи за него.

    За почеток, посветувајте по 15 минути на ден во одредено време од денот, за да да работите на вашиот буџет и да планирате. Започнете со вашиот приход од вашата работа. Потоа разгледајте ги извештаите за еден месец на сметки и категоризирајте ги трансакциите како суштински, несуштински и отплата на долг. 

    Откако ќе изградите буџет, треба да го следите и да останете потпрени на него. 

    Секогаш бидете конзервативни и имајте фонд за итни случаи. Постарите најчесто го имаат тоа на ум бидејки живееле во несигурни времиња. Никој неможе да ја предвиди кризата во 2020 со коронавирусот, но се случи. Бидејки ништо во животот не е загарантирано, потребно е до одредена мера да размислуваме песимистички кога станува збор за нашите финансии. 

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично