Вработените во Фејсбук ќе работат од дома до јули, 2021

Датум на објава: 07.08.2020

Време зa читање: < 1 минутa

Компанијата Фејсбук ќе им овозможи на своите вработени да работат од дома до јули 2021 година поради пандемијата на коронавирусот, соопшти портпаролката на социјалната мрежа.

Таа додаде дека Фејсбук ќе им даде на вработените 1.000 долари за работни потреби од дома.

Портпаролката на Фејсбук наведува во соопштение  дека компанијата се одлучила на овој потег врз основа на упатства од здравствени и владини експерти, како и на одлуки донесени врз основа на внатрешни дискусии во компанијата.

Прочитајте и ...  Шпаркасе Банка предвремено ќе ги исплати септемвриските пензии

Компанијата објави дека ќе продолжи со отворање канцеларии со ограничен капацитет таму каде што е дозволено според владините упатства и каде слабеењето на вирусот е забележано околу два месеца.


Тагови: Вработени, зукерберг, коронавирус, Марк Зукерберг, пандемија, фејсбук,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: