ПОВЕЌЕ

    Европскиот парламент ја потврди номинацијата на Кристин Лагард за шефица на Европската централна банка

    Време зa читање: < 1 минутa
    David SASSOLI

    Европскиот парламент ја потврди номинацијата на Кристин Лагард за нова претседателка на Европската централна банка, за мандат од осум години.

    Нејзината номинација е потврдена со 394 гласа „за“, 206 „против“ и 46 воздржани.

    Лагард е именувана од страна на европските влади да го наследи Марио Драги на чело на ЕЦБ на први ноември.

    Лагард во јули поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, а истата стапи на сила минатата недела.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично