ПОВЕЌЕ

    Европскиот парламент одобри „План за закрепнување“ од 700 милијарди евра

    Време зa читање: 2 минути

    Европратеници денес го одобрија „Планот за закрепнување“, со што се отвори патот за пристап до членките на ЕУ. Тој “пат” е скоро 700 милијарди евра заеми и грантови за решавање на ефектите од кризата предизвикана од пандемијата.

    Грантови во вредност од околу 300 милијарди евра ќе бидат издвоени за инвестиции и реформи за стимулирање на економијата. За пристап до парите, земјите од ЕУ мора да достават планови за трошење до 30 април.

    Европската комисија и членките на ЕУ ќе мора да се согласат на секој од плановите. Пратениците го усвоија „Планот за закрепнување“ со големо мнозинство. Членовите, исто така, мора официјално да го проценат пакетот, но не се очекуваат големи пречки за усвојување.

    Германската новинска агенција ДПА посочува дека се очекуваат поголеми проблеми при усвојувањето на таканаречената “Одлука за сопствени ресурси”, што и овозможува на ЕУ да позајмува пари на пазарите.

    Поголемиот дел од фондот за кризи ќе се финансира на овој начин. По ратификувањето и одобрувањето на националните планови, Европската комисија ќе ги распредели парите на владите, но тоа не се очекува во текот на следните неколку месеци поради комплицирани процедури и контроли.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично