ПОВЕЌЕ

    Европскиот ден за заштита на личните податоци

    Време зa читање: 3 минути

    Денес, 28 јануари 2023 год. е Европски ден за заштита на личните податоци со кој се одбележуваат 17 години од донесувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на личните информации која претставува прв правно обврзувачки меѓународен документ во областа на заштитата на личните податоците, што има за цел да ја подигне свеста и да ги промовира добрите практики за заштита на приватноста и заштита на личните податоци.

    Новата македонска законска регулатива донесена во Февруари 2020 година и усогласена со постојната Европска т.н. GDPR регулатива започна да се применува од 24ти Август 2021 година. Од почетокот на нејзината примена во регистарот што го води Агенцијата за заштита на личните податоци  5.621 контролори-фирми и државни органи назначиле офицер за заштита на личните податоци и ја започнале или завршиле постапката за усогласување на своето работење со законот за заштите на личните податоци.

    Интересен е фактот што согласно новата законска регулатива сите до еден државен орган без разлика дали е влада, министерство, општина, јавно претпријатие, основно или средно училиште, јавна здравствена установа во изминатите 18 месеци имаа за обврска не само да назначат офицер за заштите на личните податоци туку и да направат усогласување на работењето со законот за ЗЛП за начините и потребите за кои ги обработуваат личните податоци од граѓаните.

    Со мала анализа на регистарот може да се утврди дека повеќе од половина од државните органи не само што не ја започнале постапката за усогласување на своето работење со законот за заштита на личните податоци во изминатите 18 месеци туку воопшто немаат назначено внатрешен или надворешен офицер за заштита на лични податоци. Фрапантен е примерот со општините, само 12 општини од вкупно 81 општина назначиле офицер за ЗЛП и се запишале како контролор во регистарот на офицери што го води Агенцијата за ЗЛП.

    Затоа денес, на Европскиот ден за заштита на личните податоци со ваква неодговорност на државните органи се доведува во прашање, како и кој се има достап до нашите лични податоци кои сме им ги дале со доверба, како се однесуваат институциите и вработените во нив и дали воопшто некој сноси морална, кривична или друга одговорност од непримена на законот за заштита на личните податоци, доколу истите се користат и злоупотребуваат и во други цели за што сме сведоци дека се случува секојдневно.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично