Еуростандард банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лицe на следната работна позиција:
РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА КАВАДАРЦИ (1 извршител)
Краток опис на работно место:
- • ја организира работата на експозитурата;
- • одговорност за законитоста и ефикасноста на работата на експозитурата;
- • одговорност за реализација на деловната политика и другите акти на Банката;
- • одговорност за ликвидност и рентабилност на експозитурата;
- • изработка на годишни планови за работа, следење на нивната реализација, анализа на работењето на експозитурата и превземање мерки за остварување на планираните задачи;
- • одговорност за реализација на одлуките на Кредитнот одбор на Банката;
- • работи на подигање на деловниот углед на Банката, презентирање на Банката и нејзините производи;
- • работи на зголемување на бројот на клиенти на експозитурата;
- • развој на пазарот и работи на зголемување на депозитниот потенцијал;
- • врши други работи по налог на Директорот на Секторот
- • одговара на Директорот на Секторот.
Услови што се бараат за вршење на работните задачи:
- • Високо стручно образование
- • Најмалку 2 години работно искуство
Потребни способности :
- • Добри комуникациски способности и способност за тимска работа;
- • Способност за работа во кратки рокови и под притисок;
- • Иницијативност;
- • Професионалност, одговорност и трпеливост.
Работниот однос е на определено време, за период од 6 месеци со можност за продолжување.
Работно време од 8:00 до 16:00 часот од понеделник до петок.
Основна нето плата во износ од 30.000,00 денари.
Вашата биографија доставете ја на следнава електронска адреса: [email protected]
Огласот ќе биде активен 5 работни дена од денот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Преземено од интернет-страницата на Еуростандард банка.