Факт: Во ЕУ индустријата за отпад носи 200 милијарди евра годишно, пет милиони луѓе се вработени, а отпадот е стратешки ресурс. А кај нас?
Диви депонии, неселектиран отпад, нула систем.
Во „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Филип Иванов од Македонската асоцијација за управување со цврст отпад вели дека не се остава простор за дилеми: „Таму постои систем. Кај нас постои хаос.“
„Во Европска Унија се вработени пет милиони луѓе во бизнисот со отпад. Во насока на циркуларна економија, која не е само управување со отпад, потенцијалот вика, на циркуларната економија во Европска Унија изнесува до 600 милијарди евра годишно. И може да придонесе до 7% раст на бруто домашниот производ на ниво на Европска Унија. И со тоа ќе се отворат 700.000 работни места, нови работни места, до 2030 години. Е сега може да разговараме за димензиите каде што има систем и каде што нема систем.“
Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.
Премиерите на епизодите се секој четврток во 12.00 часот точно на пладне, додека потоа може да не гледате кога и да посакате.
Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.