ПОВЕЌЕ

    ЕУ одобри спојување на автомобилски гиганти во вредност од 38 милијарди долари

    Време зa читање: 2 минути

    Fiat Chrysler и францускиот Peugeot-Citroen денеска добија „зелено светло“ од Комисијата на ЕУ за заштита на конкуренцијата за спојувањето вредно 38 милијарди долари.

    Ова ќе го создаде четвртиот најголем производител на автомобили во светот.

    Одлуката е донесена откако Fiat и PSA се согласија да ја зајакнат соработката со јапонскиот ривал Toyota Motors, пренесува CNBC.

    Двајцата производители на возила минатата година одлучија да ги здружат силите за полесно надминување на двојните предизвици во автомобилската индустрија, како што се технологиите за финансирање за производство на почисти-еко возила и поради пазарната криза предизвикана од глобалната пандемија.

    Европската комисија објави дека PSA ќе го прошири договорот со Тојота за мини комбиња, зголемување на капацитетот за овие возила на јапонската компанија и намалување на цената за нивниот транспорт, како и за транспорт на резервни делови и додатоци, што ја елиминира загриженоста во однос на конкуренцијата на пазарот во ЕУ.

    Заедничката компанија на Fiat и PSA, која ќе се вика Stelantis, ќе ги поседува брендовите Fiat, Jeep, Dodge, Ram и Maserati, како и Peugeot, Opel и DS.

    Двете компании најавија дека на 4 јануари ќе имаат одвоени состаноци со своите акционери, на кои треба да се одобри трансакцијата и дека се очекува спојувањето да заврши до крајот на првиот квартал од 2021 година.

    Акционер како контролор во FCA е „Екзор“, холдинг-компанија на италијанското семејство Анџели, додека главни инвеститори се семејството „Пежо-Цитроен Пежо“, француската влада и кинескиот Донгфенг.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично