ПОВЕЌЕ

    Како шефовите на најуспешните компании ги менаџираат своите е-пошти?

    Време зa читање: 2 минути

    Кога добивате над 150 емаила на ден, потребна е добра организација. Па, како луѓето како Бил Гејтс, Џеф Безос или Тим Кук се справуваат со насобраните емаила во нивното сандаче?

    Џеф Безос, шеф на Амазон, е познат по тоа што знае како да ги збуни своите вработени по тоа што испраќа порака со само еден знак, како на пример, прашалник. „Кога еден работник во Амазон добива прашалник од Безос, свесен е дека тоа е временска бомба. Потребно е да се преземе се, за да се спреми соодветен одговор за Безос“, открива Business Insider.

    Аријана Хафингтон, ко-основач на многу успешниот американски портал Хафингтон Пост, има три правила за емаил:

    1. Не отворај емаил 90 минути пред спиење
    2. Не брзај наутро веднаш за да провериш нов емаил
    3. Нема емаил додека се поминува време со деца

    Извршниот директор на Apple, Тим Кук станува секој ден наутро во 3,45 часот и прима околу 700 до 800 емаила на ден! „Тоа е нешто што читам најдолго, секој ден. На крајот на краиштата, јас сум раководител“, изјави Тим Кук.

    Газдата на Запос, Тони Ше, има тим од четири до пет вработени со полно работно време кои се грижат за неговиот емаил.

    Бил Гејтс, откри дека во 2013 година примал само 40 до 50 емаила на ден. „Јас одговарам на некои веднаш а на некои навечер. Треба да бидете внимателни кога станува збор за вашето време“, објасни Гејтс.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично