ПОВЕЌЕ

    Илон Маск се искачи на тронот најбогата личност во светот

    Време зa читање: 2 минути

    Маск ја започна 2020 година во вредност од околу 27 милијарди долари, и едвај се најде во првите 50 најбогати луѓе. Но работите сега се променети.

    Извршниот директор на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“, Илон Маск, стана најбогатиот човек на светот, а неговото богатство надминува 185 милијарди американски долари благодарејќи на порастот на цената на акциите со што го симна од тронот челникот на најголемата онлајн-продавница „Amazon“, Џеф Безос, пренесе телевизиската мрежа CNBC.

    Во моментова сопственоста на Маск е проценета на една и пол милијарда долари повеќе од сопственоста на Безос, кој на челната позиција на листата најбогати луѓе на планетата е од 2017 година.

    Маск го презема водството благодарејќи на скокот на цената на акцијата на „Tesla“.

    Пазарната вредност на „Тесла“ денеска за првпат стигна до 700 милијарди долари, што значи дека вреди повеќе од „Тојота“, „Фолксваген“, „Хјундаи“, „Џенерал моторс“ и „Форд“ заедно.

    „Чудно е да се биде најбогатиот човек на светот. А, сега, назад на работа“, напиша Маск на Твитер.

    Во еден претходен твит, тој вели: „Речиси половината од моите пари се наменети за решавање на проблемите на Земјата, а половината за подигнување на самоодржливиот град на Марс за да се осигури продолжување на животот доколку Земјата ја погоди метеор како во периодот на диносаурусите или да избувне третата светска војна па самите себеси да се уништиме“.

    Во текот на последните 13 месеци, богатството на Маск се зголеми за повеќе од 100 милијарди долари.

    Во јануари 2020 година, тој беше рангиран дури на 35-то место. Главната прочина за ваквиот скок е растот на капитализациската пазарната вредност на компанијата „Tesla“ којашто во јануари 2020 година се проценуваше на помалку од 100 милијарди долари, а во моментов во четвртокот вечерта на 7-ми јануари 2021 година се проценува на околу 750 милијарди долари.

    Маск е сопственик и на „Старлинк“, компанија која работи на лансирање сателити со цел да се овозможи комерцијално поврзување со широкопојасен интернет.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично