ПОВЕЌЕ

    Експозитурата на УНИБанка во ГТЦ се сели на нова локација

    Време зa читање: 2 минути

    УНИБанка АД Скопје ги известува своите клиенти дека Експозитурата ГТЦ почнувајќи од понеделник 27.04.2020 година до четврток 30.04.2020 година нема да работи со клиенти поради активности за преселба на нова локација.

    Истовремено, Банката ги известува клиентите дека од понеделник (04.05.2020 година) експозитурата ќе започне со работа на новата локација која се наоѓа на адреса:

    👉 ул. 11 Октомври бр. 3 – Плоштад Македонија до Сити Галери, на самиот влез од плоштад кон ГТЦ со работно време /за време на вонредната состоjба/ од понеделник до петок од 08:00 до 15:00 часот. Банкоматот во склоп на експозитурата исто така ќе биде преместен на новата локација.

    За сите прашања и тековни потреби може да се обратите во експозитура Централа која се наоѓа на ул. „Максим Горки“ бр. 6, со работно време од понеделник до петок од 08:00 до 15:00 часот.

    Информации за сите понуди и услуги на УНИБанка се достапни преку веб-страницата на Банката, социјалните мрежи и контакт центарот на телефонскиот број ☎️ 02/ 3286 100 и 02/ 3 111 111.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично