ПОВЕЌЕ

    Ефтимоски поднесе оставка, Радевска нов претседател на УО на Стопанска банка а.д. Битола

    Време зa читање: 2 минути

    Владимир Ефтимоски повеќе не е претседател, ниту член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола. Од функцијата се повлекол во средата, а наредниот ден за таа функција била назначена Александра Радевска.

    За промените во органите на управување, од Банката известуваат преку објава на Македонска берза:

    „Стопанска банка а.д. Битола известува дека на ден 8.11.2023 година, г-дин Владимир Ефтимоски поднесе оставка од функцијата член и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола.

    Воедно, на седницата на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола одржана на ден 9.11.2023 година, за претседател на Управниот одбор е назначена г-ѓа Александра Радевска“.

    Ефтимоски, кој во банкарските кругови е познат по менаџерските способности, на челната позицијата во Управниот одбор е од јануари 2013 година.

    И Радевска е долг период во Банката, во неколку мандати била член на Надзорниот одбор, а во УО е од јуни годинава. Како што е наведено на нивната веб-страница, таа е одговорна за секторите за управување со ризик, за финансии, за контрола на усогласеност на Банката со прописите и спречување перење пари и финансирање тероризам, за управување со инвестиции и имот и за правни работи и решавање проблематични пласмани.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично