ПОВЕЌЕ

    Како ефектите од коронавирусот би можеле помалку да се осетат?

    Време зa читање: 2 минути

    Живееме во застрашувачки времиња. Covid-19 ја наруши светската економија и светското здравство на огромен начин.

    Кога банките ги намалуваат каматните стапки, тоа значи дека сакаат да ја зајакнат максималната економска стабилност. Бидејки намалувањето на стапката го прави заемот поевтин за да можеме да продолжиме да ја стимулираме економијата и да продолжиме да трошиме.

    Кога станува збор за инвестирање, не е спорно дека голем дел од луѓето размислуваат краткорочно. Треба да престанат да паничат и да продаваат акции. Треба да застанат и да размислат дали навистина некоја компанија која се продава за 13% помалку навистина вреди 13% помалку од претходниот ден. Кога голем од тие што тргуваат би постапувале поодговорно и не би избрзувале со одлуките импулсивно, тогаш до одредена мера, помалку ќе се осети паниката на пазарот.

    Кога помалку луѓе неодговорно би земале кредити за патување и за нова кола која не им е неопходна, и кога поодговорно би се грижеле за своите финансии дури и во време кога економијата расте, тогаш до помала мера ќе се осети ударот од финансиски аспект за време на рецесија. 

    Коронавирусот е еден горчлив потсетник дека сите треба да бидеме посериозни за нашите финансии, рационално да донесуваме одлуки и да планираме и да се спремаме за вакви времиња во иднина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично