ПОВЕЌЕ

    Е-трговија во Европа ќе достигне 717 милијарди евра во 2020 година

    Време зa читање: 2 минути

    Во Европа, е-трговијата се очекува да достигне 717 милијарди евра на крајот на 2020 година.

    Ова би значело зголемување од 12,7% во однос на состојбата минатата година. Овој раст е нешто понизок од порастот од 14,2% во европската е-трговија во 2019 година.

    Епидемијата предизвикана од  Ковид 19 предизвика зголемување на шопингот преку интернет низ цела Европа.  Согласно извештајот на Europe 2020: Ecommerce Region,  Западна Европа е сè уште најразвиениот пазар за е-трговија во Европа. Овој регион опфаќа 70% од вкупната вредност на е-трговијата во Европа. Западна Европа исто така има најголем удел на купувачи преку Интернет (83%).

    Пазарите за е-трговија во Романија и Бугарија минатата година се зголемија за 30%, што е најголем број на раст во цела Европа. Сепак, овие се двете држави со најмал удел на купувачи преку Интернет (31% и 29%).

    Шпанија исто така покажува развој на пазарот со пораст од 29% минатата година. Најнизок раст има во Белгија (7%), Ирска (7%), Австрија (4%) и Исланд (3%).

    Извештајот исто така покажува дека Велика Британија има најголем удел на купувачи преку Интернет (94%). Други земји на оваа листа се Данска (86%), Германија, Холандија и Шведска (сите нив – 84%).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично