ПОВЕЌЕ

    ДВЕ ГОДИНИ „ПРЕМИУМ СПОРТ ЦЕНТАР“ – Грижата за здрав живот продолжува

    Време зa читање: 3 минути

    Спортскиот центар „Премиум“ одбележува две години од основањето на идејата на едно место да се создаде целосно интегриран центар за здрав живот. За овие две години центарот успеа да остави значен печат на препознатливост и уникатност според самиот концепт на работа, кој покрај делот за фитнес вклучува и совети за здрава храна, физикална терапија, медицинска и спортска рехабилитација, масажи, парна бања и сауна.

    Повеќе од 300 активни членови се доказ за довербата кон спортскиот центар „Премиум“, а нивното задоволство е потврда дека ваквиот пристап на работа дава одлични резултати. Сите тренинзи се одвиваат под надзор на сертифицирани и искусни тренери со над 10-годишно искуство зад себе, а тимот е составен од 8 тренери, кои со своето богато искуство се постојано достапни за клиентите. Во центарот се нуди можност како за индивидуални тренинзи, така и за тренинзи со личен тренер на најсовремената опрема од реномираниот бренд „Техноџим“. Покрај индивидуални тренинзи, достапни се и групни тренинзи (јога за трудници, functional mobility training, total body workout, discomfort zone).

    РОДЕНДЕНСКА ЗАБАВА СО СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА ЧЛЕНОВИTE СО НАЈДОБРИ РЕЗУЛТАТИ

    По повод вториот роденден, Клиничка болница „Аџибадем Систина“ организираше настан што вклучи спортски активности и забавен дел, а беа доделени и награди за членовите што имаат постигнато најдобри резултати. Во спортскиот дел беа вклучени вработените од компаниите на групацијата „Орка холдинг“ и членовите на „Премиум спорт центарот“ кои учествуваа во спортските игри со натпреварувачки карактер.

    УНИКАТЕН И ИНДИВИДУАЛЕН ПРИСТАП ЗА СЕКОЈ ЧЛЕН

    „Премиум спорт центарот“ е единствен и уникатен  по тоа што секој посетител, пред да почне со вежбање, прави физикален преглед и InBody scan (детален приказ на целото тело), со што се одредува степенот на моментална подготвеност на телото за почеток на тренинг и понатаму овозможува евалуација на резултатите од физичката активност. Дополнително, секој клиент поминува основен кардиолошки преглед и прави лабораториска анализа на крвта. Premium Physical Therapy & Sport Center е распространет на површина од 1 130 квадратни метри, опремен со современи ординации и апарати за физикална терапија, сала за спортска рехабилитација и корективни вежби со најмодерни справи, нутриционистичко советувалиште, парна бања, финска сауна и две ВИП-соби за масажа.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично