ПОВЕЌЕ

    Душан Пецовски со три нови акции го зголеми уделот во „Реплек“

    Време зa читање: 2 минути

    Претседателот на Управниот одбор, Душан Пецовски, ги зајакнува позициите во акционерската структура на „Реплек“, кои сега се на 12,03 проценти. Уште три три нови акции од фармацевтската компанија се во негова сопственост. За промената јавноста се информира преку ценовно чувствителна информација објавена на Македоска берза.

    „Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД објавува дека акционер со над 5% претседателот на Управен одбор Душан Пецовски се стекна со 3 нови акции и сега поседува 3.118 или 12,03% од вкупниот број на акции“.

    Во објавата се наведува дека и Владимир Пецовски, кој исто така е акционер со над 5 проценти, се стекнал со една нова акција. По што поседува 1.626 обични акции или 6,27 отсто од вкупниот број акции.

    Првите две акции, пак, ги стекнал членот на Управен одбор Марјан Велковски.

    Забележлива е раздвиженост во тргувањето со акциите на „Реплек“. Зачестија и промените во сопственичката структура. Не така одамна „Биотек“ купи 1.634 обични акции, со што има 6,30 проценти. Потоа уделот го зголеми и „Ситко Антонио“ ДООЕЛ Скопје, друштво за трговија и услуги, во чија сопственост се 1.650 акции, односно 6,37 отсто.

    Се на се, добар сигнал за инвеститорската јавност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично