ПОВЕЌЕ

    Државата се задолжува со нови 16,6 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

     

    Преку емисија на 102.397 државни обврзници државата на домашниот пазар се задолжува за 16,6 милиони евра.

    По барање од Министерството за финансии, Берзата одобрила проширување на котацијата на државни обврзници на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација, со важност од денес.

    Според известувањето, се проширува котацијата на емисијата на државните обврзници со ИСИН број MKMINF20GZ49, која првично била котирана на четврти април, со издадени 68.880 обврзници во вредност од 688.800.000 денари, или противвредност на 11,1 милион евра. Котацијата се проширува со новоиздадени 33.517 обврзници.

    Номиналната вредност е десет илјади денари.

    Со оваа промена, вкупниот број издадени државни обврзници е 102.397 со вредност од 1.023.970.000 денари, односно 16,6 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично