ПОВЕЌЕ

    Државата субвенционира до 18.000 денари за вградување плин во колите

    Време зa читање: < 1 минутa

    Министерството за економија утре како што најави треба да го објави јавниот повик за доделување субвенции за вградување на уред на плин или метан. Граѓаните ќе имаат можност да остварат поврат од 50 проценти од трошокот, но не повеќе од 18.000 денари.

    Ова мерка, како што најави министерот за економија Крешник Бектеши се реалзираше во 2019 година кога над 730 граѓани добија субвенции за вградување на плински уред. Лани мерката беше прекината поради ковид кризата.

    Субвенции ќе добијат сите граѓани кој ги исполнуваат условите, односно кој ќе вградат плински уред и ќе достават соодветна документација, барање, фискална сметка, копија од сообраќајна дозвола и лична карта, како и број на трансакциска сметка. Огласот трае 60 дена од денот на објавување, а субвенциите ќе се даваат по принципот прв дојден прв услужен.

    За оваа мерка од Буџетот се издвоени 11 милиони денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично