Доларот скокна нагло оваа година, пред пандемијата остро да ја „погоди“ американската економија, но сега падна за околу 3% во 2020 година.
Американскиот долар беше слаб поголемиот дел од времето за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп. Намалувањето на даноците, повисоки дефицити и неколку намалувања на каматните стапки од страна на Федералните резерви ги турнаа „зелените пари“ надолу.
Но, дури и ако Трамп загуби од Џо Бајден на тековните избори, доларот може да се опорави драматично во скоро време. Администрацијата на Бајден веројатно би барала уште поголеми стимулации за потрошувачите и малите бизниси, поради пандемијата ковид-19, особено ако „синиот бран“ им овозможи на демократите контрола на Сенатот.
Ова трошење веројатно дополнително ќе го ослаби доларот или, во најмала рака, ќе го задржи релативно рамно. Бајден исто така би можел да инсистира на долго планирано зголемување на државните трошоци кога станува збор за инфраструктурата, како и кога станува збор за инвестиции во соларни, ветерни и други програми за зелена енергија.
Сепак, некои експерти за валути велат дека постои можност „здравствените премии“ да влијаат на зајакнувањето на доларот доколку Бајден победи на изборите и ја обнови „понормалната“ трговска политика. Прво, Бајден веројатно ќе заземе помек став за тарифите со сојузниците како Европа, Мексико и Канада.
Тоа би било добро за доларот, велат тие. Администрацијата на Бајден исто така може да се обиде да употреби повеќе дипломатски мултилатерални мерки против Кина како главен метод за решавање на економски прашања надвор од трговијата, како што се кражба на интелектуална сопственост.