ПОВЕЌЕ

    Доларот најслаб од 2018 година

    Време зa читање: 2 минути

    На девизните пазари доларот во однос на останатите валути падна на најниско ниво од април 2018 година, бидејќи очекува нови стимулации во кон американската економија и затоа што инвеститорите се склони кон поризични инвестиции. Така, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 91,30 поени, додека вчера во ова време тој беше 91,80 поени.

    Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 104,45 на 104,35 јени.

    Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,2075 долари, највисоко ниво од септември 2018 година, додека вчера во ова време беше 1,1955 долари.

    Цените на нафтата паднаа утрово, бидејќи Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, предводени од Русија, го одложија официјалниот состанок на кој треба да се одлучи дали да се зголеми производството во јануари или да се задржи на постојните нивоа.

    На американскиот пазар цената на барелот се лизна за 0,63 проценти, на 44,27 долари, додека на лондонскиот пазар падна за 0,53 проценти, на 47,16 долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично