ПОВЕЌЕ

    “Долар Џенерал” ќе им плати на работниците ако примат вакцина против КОВИД-19

    Време зa читање: < 1 минутa

    Ланецот на продавници Долар Џенерал, со седиште во Тенеси ќе им даде на вработените, четири часа плата доколку се вакцинираат против Ковид-19, бидејќи повеќе компании веќе имаат за цел да го спречат ширењето на вирусот и да ја ублажат загриженоста за безбедноста на клиентите во врска со купувањето во продавниците. 

    „Не сакаме нашите вработени да треба да бираат помеѓу примање вакцина или доаѓање на работа, затоа работиме на отстранување на бариерите“, рече Долар Џенерал во соопштението за јавноста во кое ја опиша својата одлука за исплата на работниците кои сакаат да се вакцинираат, истакнувајќи пречки, како потребите за грижа за децата и времето на патување.

    „Ја разбираме одлуката за примање на КОВИД-19 вакцинација. Се разбира дека тоа е личен избор и иако ги охрабруваме вработените да ја земат, не бараме од нив да го сторат тоа“, се додава во соопштението.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично