ПОВЕЌЕ

    ПАРИ АНАЛИЗА: Кој најдобро заработува во индустријата со брзи кредити?

    Време зa читање: 3 минути

    Во претходниот текст предмет на анализа беа остварените приходи на најголемите 7 финансиски друштва за изминатите 3 години. Денес, вниманието ќе го насочиме кон остварената нето добивка, односно чистиот профит кој останува за сопствениците/акционерите, а исто така ќе се осврнеме и на бројот на вработени кои делуваат во овој сектор.

    Првичниот впечаток е дека како што одминува времето и се развива пазарот, така се зголемуваат и добивките на компаниите. Растот на бројот на производи и зголемениот интерес кај граѓаните допринесуваат за стабилизација на бизнисот и солидна основа за иден раст.

    Порталот Pari.com.mk, заедно со платформата на бонитетни податоци на БизнисМрежа.мк ексклузивно ги објавуваат податоците за остварена добивка во следната табела:

    НазивДобивка 2018Добивка 2019Добивка 2020
    КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС204,435 608,876 1,537,630
    СН ФИНАНСИИ 611,278 718,935 687,152
    ТИГО ФАЈНАНС -827,223 678,480 625,264
    КРЕДИСИМО354,065 811,790 619,190
    М КЕШ 25,137 7,053 99,544
    ДИЏИТАЛ ФАЈНАНС -386,133-53,484 14,944
    ИУТЕ КРЕДИТ -957,657341,533 -262,167

    Износите се изразени во евра | Извор: БизнисМрежа.мк

    • Лидер во оваа категорија за изминатата година е Кредитен Центар БС. Оваа компанија е единствена што остварила добивка поголема од 1 милион ЕУР, или ја завршила годината со профит од 1.5 милиони ЕУР. Ова е далеку најдобар резултат во оваа конкуренција, ако се знае податокот дека второ рангираната компанија нема ни половина од успехот на Кредитен Центар БС. Дополнително, оваа компанија заедно со Диџитал Фајнанс (позната како Форца), се единствените што во последните 3 години имаат позитивни трендови, односно остваруваат подобри резултати од година во година. Кај останатите забележани се циклични движења.
    • Единствена компанија која ја завршила 2020 година со нето загуба е ИУТЕ Кредит, со 262 илјади ЕУР. Оваа ситуација е по малку чудна бидејќи, токму оваа компанија беше неприкосновен лидер по основ на остварени приходи. Дополнителна анализа треба да се направи на расходната страна од билансот на успех, со цел да се евидентираат причините за овој резултат.
    • 4 компании од оваа листа директно ги осетиле негативните аспекти на корона кризата што влијаело и врз нивните добивки, односно во 2020 година забележан е пад на добивките.

    Она што треба да се нагласи е дека овие компании се уште се во процес на стабилизација и во голема мера нивните буџети се оптоварени со трошоци за отварање на продажни места, инвестирање во технологија и  вработени. Од аспект на бројот на вработени и отворените експозитури може да се забележи дека нивниот број постојано расте. Она што е контрадикторно е дека токму овие финансиски друштва требаше да бидат носители на проектот за финтек институции, што подразбира целосни технолошки решенија. Токму во овој дел затаи менаџментот, или пак барањата на  потрошувачите се уште се емотивно поврзани со традиционалниот шалтерски начин на работа…

    Во следната табела генерирана од БизнисМрежа.мк прикажан е бројот на вработени за последните 3 години.

    НазивВработени 2018Вработени 2019Вработени 2020
    М КЕШ181888
    ТИГО ФАЈНАНС318570
    ИУТЕ КРЕДИТ305865
    СН ФИНАНСИИ122144
    КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС262930
    ДИЏИТАЛ ФАЈНАНС122326
    КРЕДИСИМО---

    Износите се изразени во евра | Извор: БизнисМрежа.мк

    Единствена светла точка, која работи во согласност со светските трендови за финтек компанија е Кредисимо. Компанијата работи без ниту еден вработен и е целосно насочена кон инвестиции во технолошки иновации. Од друга страна најголем роботодавец со 88 вработени е М Кеш, а исто така кај нив евидентиран е и најголемиот пораст од вкупно 70 вработени, за период 2019-2020 година. Тиго Фајнанс во 2020 година го намалиле бројот на вработени но тоа корелира и со затворените продажни места. Оваа ситуација се очекува да се промени оваа година бидејќи во последните неколку месеци активно го зголемуваат своето присуство со ново-отворени експозитури.

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично