ПОВЕЌЕ

    До кога доларот ќе продолжи да паѓа?

    Време зa читање: 2 минути

    Доларот во јули остро ја изгуби вредноста. Иако во последните неколку дена е забележан одреден тренд на стабилизација (само за да се запре стрмниот пад), останува прашањето, кога ќе се стабилизира една од најпознатите и најсилни светски валути.

    Редиците на луѓето низ Соединетите држави кои чекаат државна помош потсетуваат на црно-бели слики од времето на Големата депресија во 1930-тите, а од март досега околу 41 милиони луѓе аплицирале за овој вид на помош. Заради споредба, тоа е повеќе отколку што цела Полска има жители.

    Покрај лошата економска слика, на слабеењето на доларот влијаеше и најавата на Доналд Трамп дека претседателските избори би можеле да бидат одложени заради здравствената состојба, што би било во спротивност со Уставот на САД. Ваквиот потег веројатно дополнително ќе ја разниша веќе нестабилната социјална и политичка состојба во земјата. Поради сето ова, немаше побарувачка за доларот.

    Економските експерти проценуваат дека нема да има поголема побарувачка за американската валута во текот на месец август, па дури и ако има некои позитивни промени во вредноста на доларот, тие ќе дојдат порано затоа што ќе потоне друга валута, така што повеќе луѓе ќе се свртат кон доларот што е можно поскоро. Големото прашање е дали повторно ќе се зголеми бројот на нови вработени (или оние што се вработиле), и каква била состојбата во јуни.

    Доколку се појави тој скок, тогаш сигурно ќе скокне доларот, но ако овој скок не се случи, тоа ќе биде уште еден силен удар за американската валута.

    Да заклучиме: економските експерти ширум светот не даваат големи шанси за значително закрепнување на доларот во текот на овој месец, дури многу подобри прогнози даваат на еврозоната. Поради сето ова, можеме да очекуваме нови осцилации во однос на вредноста на американскиот долар во наредниот период.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично