ПОВЕЌЕ

    До Франкфурт со преседнување во Виена – Луфтханза ја укинува авиолинијата до Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Луфтханза ја укинува линијата Франкфурт – Скопје што ја одржуваше повеќе од три години, а во резервациониот систем веќе нема достапни летови ниту за летната, ниту за зимската сезона што стартува на 25 октомври. Наместо директни летови, патниците ќе можат да патуваат до Скопје преку Виена со Аустриан ерлајнс, која е дел од истата групација.

    Германската авиокомпанија почна да лета на оваа релација во април 2023 година, кога доби и државни субвенции за отворање на линијата. Во различни периоди од годината имаше од седум до десет летови неделно, но зимава бројот беше намален на само три ротации.

    Укинувањето на скопската линија доаѓа во период кога Групацијата Луфтханза прави поширока реорганизација на европската мрежа. Во фокус се намалување на трошоците и концентрација на поисплатливите рути, што значи кратење на дел од пократките и послабо профитабилни летови.

    Во последните месеци компанијата се соочи и со сериозни предизвици – штрајкови на персоналот, затворање на подружницата Ситилајн и приземјување на дел од флотата. Дополнителен притисок создава и неизвесноста околу цените на горивото поради конфликтите на Блискиот Исток.

    Како дел од новите прилагодувања, Луфтханза веќе ги намали и фреквенциите кон повеќе градови во регионот. Помал број летови ќе има кон Белград и Љубљана, а компанијата кратеше стотици летови неделно и од базите во Франкфурт и Минхен.

    (Фото: Луфтханза – Фејсбук)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично