ПОВЕЌЕ

    До британски инвеститори преку Кина и Америка – Си-мАИнд светла точка на македонската технолошка сцена – Александар Савевски во New Biz

    Време зa читање: 6 минути

    Македонската компанија Си – мАИнд создаде нова технологија Мила АИ, со која машините може да имаат свои емоции. Патот до првото финансирање, барање финансии надвор од границите на Македонија, искуството добиено во странство, вложениот труд за да се објасни технологијата, соочување со предизвиците се дел од разговорот на втората епизода од поткастот New Biz на Наташа Велковска со Александар Савевски, претприемач, старт-апчија, инженер и човек којшто маката го натерала да создаде технологија за да и помогне на неговата ќерка Мила којашто има аутизам.

    Одлуката да стане претприемач, Савевски вели дека не била лесна да се донесе, знаел што го очекува и со какви предизвици ќе се соочува на секој чекор, но сепак сметал дека треба да и даде шанса на идејата што ја имал.

    Најтешката лекција што требаше да ја пребродиме беше начинот на којшто ја презентиравме нашата технологија. Инвеститорите и тогаш идните клиенти нѐ перцепираа како производ и имавме голема тешкотија да им пренесеме дека станува збор за технологија односно начин на којшто ќе можат поинаку да ги изразат и да ги креираат своите идеи. Така што отидовме на следното ниво да презентираме парче од таа технологија со одредена примена. Најдовме правилен пристап, таргетиравме правилни инвеститори и имавме многу полесен пат кон нашата цел. Во Македонија поддршка добивме од Фондот за иновации и технолошки развој, но дел и од лични средства, и стручна помош од професори од Факултет за електротехника и информациски технологии кои што помогнаа со нивното знаење. Беше интересно тоа што ние успеавме да ги предвидиме чекорите во нашето создавање во технологијата во целиот процес. Знаевме во одреден сегмент колку и какви перформанси ќе добиеме, што е исклучително важно за краен производ, затоа што нѐ носи до некои едноставни процеси каде што можеме да знаеме како тоа скалира и како се применува и да донесеме некои заклучоци на некои мали модели“, објаснува Савевски.

    Тој дополнува дека пред да бараат финансирање надвор од границите на државата, добиле понуди од нашата држава, биле дел од Сеавус акцелераторот, каде што понудите биле малку задоцнети, како што вели Савевски, а и не биле задоволителни, затоа што знаеле што конкретно им треба.

    „Потоа со тие наши конкретни барања отидовме и до Кина, имавме презентации, и стигнавме до финале, но таму победи една технологија од Чешка која што имаше вложено 100 милиони евра, а ние се претставивме со технологија од 35 илјади евра. Сепак, распонот на овие финансии дава зрелост на технологијата. Потоа отидовме во Америка, и таму можевме да се претставиме пред американските инвеститори и каде што имаше повеќе типови на инвеститори од кои основното ниво е бизнис ангели“, вели Савевски.

    Како што споменува тој, ЕЕ – технологијата во Америка се води како стратешка определба и тука не може да се очекиваат инвестирање во странски производи. Тоа значи дека тие имаат план во што да инвестираат, која технологија да ја поддржат, како таа се вклопува во нивниот план во рамки на нивната држава.

    „Нашата презентација пред амерканската инвеститорска публика беше со можност за инвестирање во медицинска опрема односно во медицински апарати коишто се вградуваат во луѓето или се дел од следењето на виталните знаци на луѓето. Тоа се апарати коишто се користат 10 -15 години затоа што се скапи, а и не може да се прават операции секоја година или две, тие апарати немаат чест апдејт и како поминува времето се склони на ризик на хакерски напад. Тоа се мали индивидуални примени, сепак витален апарат дел од вас којшто ве одржува во живот, но ако биде нападнат со цел, таргетиран, може да значи терминирање на вашиот живот. И сметавме дека нашата технологија дава future proof со примена на емоциите, затоа што емоциите може да приметат кога нешто излегува од комфорт зона“, укажува Савевски.

    Странските брендови им овозможиле да стигнат до нивните крајни клиенти и нивната крајна цел, и проектот да биде подобар од она што го очекувале.

    На прашањето кои се практичните примени во оваа фаза до каде што е стигнат проектот и каде се гледате применливоста на технологијата во најскоро време, Савевски вели дека од самиот почеток фокусот бил на ефикасност односно на примена во процеси во имплепемнатции, каде што енергијата и процесирачката моќ се ограничени.

    „Такви ситуации се значајни за луѓето, едната е медицинската опрема која што е дел од нас-вградени батерии, следната е сателити коишто не ни се на дофат и не можеме лесно да манипулираме со нив и третата како најголем предизвик е автономното возење, кое што беше една од клучните насоки. Затоа што во моето истражување од самиот почеток видов дека технологијата има вградени проблеми што ја носат во друга насока коишто не може да се пребродат“, објаснува соговорникот.

    Да се стигне до оваа фаза сега, клучно за Савевски и неговиот тим било партнерството со британскиот пазар.

    „Сето тоа се случи случајно, ние ја кажувавме нашата приказна на многу места, ја споделувавме со луѓе, и така излезе прилика да се запознаам со извесни британски соработници, а сега партнери, коишто заеднички бараме инвестиција за посолиден проект. По анализите што ги правев гледам дека Британија е на прво место во Европа по привлекување на инвестиции, така што сме на добар пат. Политиките на власта беа нестабилни, не знаевме во кој правец ќе се движиме, но излезе дека не ги таргетира старт-апите што е голема придобивка, па сега ќе видиме какви ќе бидат резултатите“, вели Савевски.

    За оние коишто сега размислуваат да основаат старт-ап, за оние коишто имаат или работат на идеја којашто допрва треба да се развива, Савевски посочува дека старт-апот има и благодарна и неблагодарна страна, ако се почнува треба да се бидеш свесен во што се навлегува.

    „Јас не бев наивен, многу добро знаев што да очекувам, имав одлично искуство во продажба. Не би советувал млад човек да почне со старт-ап или да почне сам, без некој да го поддржи во тоа со перспективи, што тоа значи за вашиот бизнис за вашата перпектива и како тоа сакате како идеја да го презентирате, и до каде сакате да стигнете. Ако имаме добра перспектива од повеќе агли на тоа што го работиме може имаме шанси да станеме нешто повеќе од локална фигура т.е да излеземе од локалната сцена“, порачува Савевски.

    Алгоритмот Мила АИ, почна од зорт ама стига до Си – мАИнд, стигна до светска сцена. Вистинската Мила која што беше инспирација за алгоритмот напредува одлично, и учествуваше на детскито фестивал „Златно Славејче“. Се очекува и Си – мАИнд да има иста таква популарност, и да напредува одлично во технологијата со вештачка интелигенција.

    Целата епизода и слични на оваа се достапни на  New Biz Podcast

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично